Јавната установа општинска детска градинка „РАСПЕАНА МЛАДОСТ„ Карпош – Скопје својата работа ја започна на 13.09.1979год, со Одлуката за основање на Самоуправната Интересна Заедница за општествена заштита на децата на град Скопје бр. 01-868 од 13.09.1979год.
Капацитетот на градинката е 200деца.
Вкупна корисна површина на објектот е 1230м и дворна површина 1200м.
Во своите простории згрижуваме деца од 8месеци до 6години.

Децата се распоредени во 9 возрасни групи:

  • 3 групи од најрана предучилишна возраст од 8м до 2год,
  • 6 групи од постара предучилишна возраст од 2год до поаѓање во училиште.


 

Работнотовреме на градинката е од 6часот до 18часот.
Орган на раководење е директорот ,а орган на управување е Управниот Oдбор. Директор на градинката е Лидија Настевска.
За децата и за унапредувањето на дејноста се грижат директорот, воспитувачите, негователките и административно техничкиот персонал.
Во рамките на градинката од 2010 година на иницијатива на градоначалникот г-дин Стевчо Јакимовски е отворена стоматолошка ординација за децата од градинката која е прва од ваков вид во нашиот град.
Задача на сите вработени во градинката е да се обезбедат што попријатни услови за престој на децата и децата да живеат активно детство за да пораснат во  срекни и задоволни луѓе. Градинката од пред седум  години има и своја химна на текст од Александар Кујунџиски и музика на Бобан Симјаноски.