За децата од најрана предучилишна возраст од 8м до 2год,се води посебна грижа и се обезбедуваат најсоодветни услови за нормален психофизички развој, исхрана, редовно се следи здравствената состојба на децата а воспитната работа се одвива преку игровни активности. Со најмалите работи медицински кадар и кадар со завршено средно образование со положен професионален курс за работа со предучилишни деца и од пролетта  2014год добиена Лиценца за неговател.
Посебно внимание се обрнува на хигиено здравствените услови за престој на децата. Приемот на децата го врши медицинска сестра или негователка која секојдневно контактира со родителите и изнесува или добива одделни забелешки за децата.
             

На планот на воспитно образовната работа се организираат активности за помагање на развојот на основните движења, за слушање и поттикнување на говорот, манипулативни активности, животно практични активности, игри и активности за поттикнување на музичките и ликовните потенцијали.
Со групата на деца од 18 - 24м од. м.Февруари 2017 год.покрај негователките работи и воспитувач.    
Кај децата од постарата предучилишна возраст од 2 до 6год, се продолжува да се води сметка за негата и исхраната на децата. Листата за јадење е разновидна и се подготвува еднаш месечно. Храната е разновидна со сите потребни витамини, минерали и хранливи  материи  потребни за здрави и среќни  деца. За престојот на децата во градинка воспитувачките и негователките покрај згрижувањето особено внимание обрнуваат на воспитно образовната работа.

Вниманието е насочено кон збогатување и проширување на детските знаења, кон богатење на детскиот речник, проширување на знаењата за светот што не опкружува, ширење на детскиот дијапазон со нови знаења од ликовната и музичка култура. На децата ќе им овозможиме слобода во однос на изборот, содржините и средствата за активностите. За успешна реализација ќе им обезбедиме и услови - центри за игра - литературен центар, математички, центар за игри со конструктивен материјал, научен-истражувачки, уметнички, центар за игри со улоги, драматизација, куклени претстави, центар за изложување на детските творби. Во зависност од временските услови активностите ќе ги организираме и надвор на отворен простор.

Доколку има потреба може да згрижиме и деца до десет години а тоа најчесто се случува по завршувањето на учебната година.
Во организацијата на активностите се води сметка за поврзување на слободните игри, творечките игри и прошетки на отворен простор.
Слободните игри се најприроден начин на вклучување на децата во колектив и активирање со нешто што посебно ги привлекува.

Тоа се  перцептивно моторни, откривачки, практично животни активности, активности за резонирање, разбирање и пронаоѓање.
Игрите се изведуваат индивидуално во мали групи или колективно.

Воспитувачот е рамноправен партнер со децата.
Игрите се изведуваат во затворен или отворен простор (во зависност од временските прилики).

Програмата за воспитно образовна работа нуди широк избор на активности кои бараат флексибилност во просторната и часовната организација на работата во групата. Активностите се прилагодени на можностите на децата, на нивното искуство и психичка структура.

Стандардите за рано учење и развој кај деца од 0-6год. што ги издаде во 2009год. МТСП ги презентираат очекувањата што треба да ги достигнат децата од предучилишна возраст во разни домени на развој(моторен, социо емоционален, когнитивен).
Холистичкиот пристап содржи елементи на квалитет во раниот детски развој кои главно се однесуваат на заштитата на здравјето на детето, обезбедување на безбедна и сигурна околина за учењеи развој и зајакнување на развојната подготвеност и подготвеноста за училиште.

Со програмата за рано учење и развој се уредуваат теоретските основи и принципи за рано учење и развој базирани врз Стандардите за рано учење и развој, цели, примери на активности, очекувани резултати, соработка со родителите.