ОДГ Карпош, Скопје
Политика за приватност
Оваа политика за приватност Ве информира во однос на личните податоци кои Јавната установа општинска детска градинка „РАСПЕАНА МЛАДОСТ„ Карпош – Скопје (во натамошниот текст „контролорот“) ги обработува за вас кога ја користите нашата веб страна или на друг начин ги дотавувате до нас. При собирање на овие информации, ние дејствуваме како контролор во согласност со Законот за заштита на личните податоци и согласно истиот ние сме должни да ве информираме за обработката на вашите лични податоци. Обработката на вашите лични податоци ја сметаме за многу сериозна активност и ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки за заштита на обработката на вашите лични податоци. Воедно, при обработка на Вашите лични податоци секогаш се водиме од начелата поврзани за обработката на личните податоци, односно ги обработуваме само неопходните податоци за да ги исполниме законските обврски и овластувања.
Оваа политика се однесува на сите категории на субјекти на личните податоци, чии кои податоци ги обработуваме во согласност со закон.
Кои сме ние?
Контролор:
Назив: Јавната установа општинска детска градинка „РАСПЕАНА МЛАДОСТ„ Карпош – Скопје,
Адреса: Руѓер Бошковиќ 6, Скопје, контакт маил: info@raspeanamladost.mk , телефон за контакт: 02/3068 781
Овластено лице за заштита на личните податоци односно офицер е: Велјановски Ванчо, телефон за контакт: 02/3068 781, мобилен телефон: 078 414 143, маил: info@raspeanamladost.mk
Категории на субјекти на личните податоци
Ние како контролор за исполнување на нашите законски обврски и овластувања а во најдобриот интерес на децата згрижени во нашата градинка, ги обработуваме личните податоци на следниве категории на субјекти на личните податоци:
Како ги собираме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци кои ги обработуваме односно прибираме за вас како посетители на нашата веб страна, за време на вашата посета во нашата веб страна се единствено податоци за навигација односно неопходни колачиња за нормално функционирање на нашата веб страница. Нашата веб страница не овозможува двонасочна комуникација односно нема можност за да прибира податоци од вас, и служи само од информативна природа. Истата се користи за информирање на јавноста за соопштенија, активнсоти, програмата на градинката, како и податоци за контакт (адреса на градинката, телефонски број, маил, контакт на директорот, сметководителот и офицерот за заштита на личните податоци).
Посетители на нашата веб страница:
При посетата на на нашата интернет страна, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
Серверските логови се бришат авотматски во рок од 15 дена, освен доколку истите се користат за да се истражи некој инцидент или напад на нашата страница.
Лични податоци на вработени лица
Податоците за вработени лица се прибираат врз основа на член 8 и член 20 од Законот за евиденции од областа на трудот, а кои податоци кои се потребни за исполнување на договорните обврски односно податоците се потребни за спроведување на конкретни права и обврси од работен однос. Во таа насока, за нашите вработени обработуваме:
Рокот за чување на личните податоци на вработените е утврден со Законот за евиденција од областа на трудот и листа на документарен материјал со рокови на чување на градинката. Досиејата на вработени се чуваат 45 години од денот на престанок на работниот однос. Сите други податоци за вработените се чуваат во предвидените рокови во Процедурата за ограничување на роковите и листата на документарен материјал со роково за чување.
Личните податоци на деца кои се запишани во нашата градинка
При упис на Вашето дете во нашата градинка во согласност член 60 од Законот за заштита на детето, член 7 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на педагошка документација и евиденција во детска градинка и центар за ран детски развој (образе 5 – Досие на детето – развојно портфолио), се обработуваат следниве лични податоци:
Податоците се собираат со цел обезбедување на навремени, конзистентни, целосни и точни податоци што ќе претставуваат поддршка на процесот на донесување на одлуки, обезбедување на податоци за електронско водење на педагошка евиденција и докуемнтација. Податоците поднесени со пополнување на наведените пријави се чуваат 10 години во согласност со процедурата за ограничување на роковите за чување во градинката.
Подетално за податоците кои се внесуваат во педагошката евиденција можете да најдете во Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на педагошка документација и евиденција во детска градинка и центар за ран детски развој (образец бр.5), донесен од Министерството за труд и социјална работа.
Линк:https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/pravilnicidetska/2017/noemvri/obrazec%205%20dosie%20za%20dete.pdf
Објавување на лични податоци
Секое објсвување на слики или други податоци за децата во нашата веб страница или на друга платформа се врши врз основа на изречна согласност на родителот/родителите на децата. Имате право да ја повлечето согласноста во секое време бесплатно, при што ќе бидат преземени сите неопходни мерки за отстранување на објавените податоци/слики.
Откривање на лични податоци
Личните податоци кои ги обработуваме се откриваат само врз основа на писмено барање од овластени лица врз основа на закон.
Доколку контролорот ангажира обрбоотувач, истото го врши со целосно почитување на челн 32 од Законот за заштита на личните податоци, и ги презема сите технички и организациски мерки за заштита на обработката на личните податоци.
Градинката не врши меѓународен пренос на личните податоци.
Безбедност на личните податоци
Градинката ги презема сите технички и организациски мерки за обебзедување на безбедност на обработката на личните податоци соодветно на ризикот на правата и слободите на субјектот на личните податоци. Градинката вложува посебни напори и средства за обука на вработените а посебно на офицерот за заштита на личните податоци. Досиета на децата се чуваат во просториите каде што се сместени децата и ограничен е пристапот само на одговрните лица за тој простор.
Вашите права
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате овластеното лице за заштита на личните податоци.
Вашето право за поднесување на барање до надлежниот орган
Доколку сметате дека градинката при обработка на Вашите лични податоци ги повредува одредбите од ЗЗЛП, можете да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци. Барање: https://www.dzlp.mk/node/3274